Firefly се блутут слушалки кои со 10 минути полнење може активно да се користат 2 часа, а со 30 минути полнење, нивната батерија трае и по 4 часа.
Овие слушалки се погодни за луѓе кои возат велосипед или трчаат, бидејки ги пропуштаат надворешните звуци, како свирење на коли и сл.
Компатибилни се и со Siri и Google Assistant, па само со еден допир корисникот може да добие информација за времето или информација која му е потребна во тој момент. Овие слушалки се тестирани на повеќе од 100 луѓе, за да се прилагодат на секое уво, а исто така се и водоотпорни.
Производот е дело на старт-ап со седиште во Хонг Конг и има своја кампања на платформата Kickstarter. Досега има собрано 88.313 долари од потребните 10.000 долари.
Првите испораки на производот се очекува да бидат во јули годинава.
Фото: Kickstarter