FlyBosnia отпушта 20 вработени и го приземјува единствениот авион

56

Националниот авиопревозник на Босна и Херцеговина, FlyBosnia се соочува со сериозни финансиски потешкотии поради пандемијата. Во изминатите денови отпуштени се 20 вработени, а платите не им се исплатени до крајот на договорите за вработување, пренесува Klix.ba.

Авиопревозникот во периодот март и април имаше само хуманитарни летови, односно превоз на медицинска опрема од Кина кон Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Според пишувањата на Klix.ba, FlyBosnia до следната пролет ќе пружа услуги за чартер летови за домашни туристички агенции, но со изнајмен авион и екипаж.

Авионот којшто досега го користеше националниот авиопревозник на БиХ ќе биде приземјен поради неговата старост и можноста за големи дефекти.

Доколку на пролет повторно постави авиолинии кон Европа и Блискиот исток, ќе мора да обезбеди нов авион и да врати дел од вработените.

Фото: Facebook