Flydubai воведува нови летови и за Мумбаи

12

Flydubai, со седиште во Дубаи, денеска го најави лансирањето на летовите за Мумбаи, зголемувајќи го бројот на дестинации опслужувани од превозникот до Индија на вкупно седум со 25 лета неделно.

Почнувајќи од 28 октомври 2014 година, Flydubai ќе оперира со пет директни летови неделно меѓу Интернационалниот аеродром во Дубаи Терминал 2 и Чатрапти Шиваџи, Интернационалниот аеродром во Мумбаи, додека истовремено ја зголемува фреквентноста на летовите за Делхи на пет неделно.

Flydubai во јуни двојно ја прошири својата мрежа во Индија со летовите за Делхи, Кочи и Тривандрум. Новите летови се резултат на проширените билатерални договори што во последните 12 месеци ги потпиша Индија со Дубаи.

Со додавањето на Мумбаи, Flydubai изгради мрежа од 76 дестинации во 37 земји. Авиопревозникот поседува флота од 38 авиони и оперира повеќе од 1.100 летови неделно во радиус од пет и пол часа од Дубаи.