Фонд од Оман презема словенечка компанија за превоз

18

Инвестицискиот фонд International Strategic Ventures од Оман ја презема словенечката компанија за превоз до аеродроми, GoOpti, пренесуваат словенечките медиуми.

Вредноста на преземањето не е позната, но основачите на GoOpti, Марко Гучек и Томаж Лоренцети, засега остануваат во компанијата. Гучек рекол дека преземањето е координирано, потпишано и веќе завршено.

Вредноста на преземањето не е позната, но финансискиот извештај GoOpti покажува дека во 2020 година вредноста на нивниот имот бил нешто помал од 670.000 евра, што е двојно помалку одошто во 2019 година.

Се очекува новиот сопственик годината да ја заврши со 20 вработени, а се верува дека ќе се воведат нови услуги кога повторно ќе почнат со работа аеродромите и туристичките активности.

GoOpti во 2018 година оствари добивка од 39.000 евра, а во 2019 година 30.000 евра, додека минатата година регистрирала загуба од 77.000 евра. Падот на приходите е уште поизразен, бидејќи тие од 5,8 милиони евра во 2019-та се намалија на 1,6 милиони евра во 2020 година.

Фото: Pexels