Forbes: 10 најистакнати нови милијардери во 2019 година

121

Магазинот Forbes години наназад прави листи со имиња на милијардери, богати и славни личности, како и млади луѓе до 30 години кои со својата моќ, знаење, искуство и богатство можат да го променат светот.

Овој пат, магазинот одвои 10 “новопечени“ милијардери кои оставија најголем впечаток во годината што полека изминува.

Татјана Бакалчук – Русинка чие богатство се проценува на една милијарда долари, а доаѓа од секторот на електронска трговија.

Џорџ Томас Дејв – Американец со проценето богатство од една милијарда долари, благодарение на правење комбуха.

Кајли Џенер – оваа млада Американка доаѓа од познатото семејство Кардашијан, а нејзиното богатство од една милијарда долари доаѓа од козметичкиот сектор.

Даниел Лубетски – неговото богатство од 1,1 милијарди долари доаѓа од бизнисот со здрави грицки во САД – KIND Healthy snacks.

Џими Џон Лаутауд – богатството од 1,7 милијарди долари овој Американец успеа да го стекне со помош на сендвичи.

Чарлс Женгао Лу – овој Кинез располага со богатство од 1,85 милијарди долари благодарение на ланец од кафулиња.

Орландо Браво – станува збор за американски инвеститор кој има богатство од три милијарди долари.

Херберт Вертем – главна дејност на овој Американец се инвестиции коишто му овозможија богатство од 3,1 милијарди долари.

Ентони вон Мандл – тој е жител на Канада, располага со богатство од 3,5 милијарди долари од бизнис поврзан со алкохол.

Мекензи Безос – поранешната сопруга на сопственикот на Amazon располага со богатство од 34,5 милијарди долари.

Фото: Pexels