Forbes ја објави листата на најбогати Кинези

39

Основачот на Alibaba Group, Џек Ма е најбогатиот Кинез, втора година по ред, според листата што ја објавува магазинот Forbes.

Неговото богатство се проценува на 38,2 милијарди долари, иако Ма ја напушти челната позиција во компанијата во септември годинава. Колку за споредба лани неговата вредност изнесуваше 34,6 милијарди долари.

Вкупната вредност на најбогатите 400 Кинези годинава изнесува 1,29 илјади милијарди долари, што е зголемување споредено со истата бројка лани 1,06 илјади милијарди.

Топ десет листата изгледа вака:

Џек Ма 38,2 милијарди долари 

Основач на Alibaba

Ма Хуатенг – 36 милијарди долари

Извршен директор на Tencent

Хуи Ка Јан – 27,7 милијарди долари

Претседател на Evergrande

Сан Пјаојанг – 25,8 милијарди долари

Претседател на Jiangsu Hengrui Medicine

Јанг Хуијан -23,9 милијарди долари

Ко-претседател на Country Garden

Хи Ксианџан – 23,2 милијарди долари

Основач на Midea Group

Колин Хуанг – 21,2 милијарди долари

Извршен директор на Pinduoduo

Вилијам Динг – 17,2 милијарди долари

Извршен директор NetEase

Кин Јинглин (со семејството) – 16,6 милијарди долари

Претседател на Muyuan Foodstuff

Жанг Јиминг 16,2 милијарди долари

Извршен директор на ByteDance

Фото: Facebook