Forbes: Најбогатите жени во светот за 2017 година

pari

Фото: Pixabay

Од 2043 најбогати луѓе на светот за 2017 година, според листата на Forbes, 227 се жени. Минатата година на листата се најдоа 202 жени. Жените сочинуваат 11% од оваа листа и заедно заработуваат 852,8 милијарди долари. Поголемиот дел од најбогатите жени, парите ги наследиле.

Втора година по ред Французинката Лилијан Бетенкорт е најбогата жена со богатство од 39, 5 милијарди долари. Нејзиното богатство е за 3,4 милијарди долари поголемо од минатата година. Бетенкорт поседува третина од козметичката компанија L’Oreal со своите деца. Нејзиниот татко Еужен Шилер ја основал компанијата во 1907, а починал во 1957 година.

На второто место е Алис Валтон, која тежи 33,8 милијарди долари, што е за 1,5 милијарди долари повеќе од минатата година. Таа е единствена ќерка на основачот на Wal-Mart, Сем Валтон од кого има наследено акции и дивиденди.

На листата топ 10 најбогати жени се наоѓаат жени кои не ѝ се познати на јавноста, а богатството го стекнале од големи и познати брендови. Жаклин Марс има богатство од 27 милијарди долари, а нејзиниот дедо Франк Марс ја има основано компанијата Mars.

Мариа Франка Фисоло има богатство од 25,2 милијарди долари благодарение на свекорот (таткото на познатиот крем Нутела), а нејзиниот покоен сопруг Мишел Фереро ја изгради империјата Ferrero Group.

Лорин Повел Џобс сопругата на Стив Џобс има богатство од 20 милијарди долари од акциите во Apple и Disney.

Ова е листата на десетте најбогати жени:

  1. Лилијан Бетенкорт, 39,5 милијарди долари
  2. Алис Валтон, 33,8 милијарди долари
  3. Жаклин Марс, 27 милијарди долари
  4. Мариа Франка Фисоло, 25,2 милијарди долари
  5. Сузан Клатен 20,4 милијарди долари
  6. Лорин Повел Џобс, 20 милијарди долари
  7. Џина Рајнхарт, 15 милијарди долари
  8. Абигејл Џонсон, 14,4 милијарди долари
  9. Ирис Фонбона, 13,7 милијарди долари
  10. Бит Хеситер, 13,6 милијарди долари