Ford Mondeo – исклучително добар автомобил за исклучителни луѓе

16

mondeo

Ford Mondeo со дополнителна опрема за промотивна цена наменета за бизнисмени. Ова, накратко, е суштината на новата кампања на Ми-Да Гранд Моторс под слоганот „Исклучително добар автомобил за исклучителни луѓе“. Во понудата на компанијата Ми-Да Гранд Моторс доаѓа лимузината, која беше наградена за Автомобил на годината и е симбол на статус со докажана најдобра возна динамика и простор во класата.

Конкретно станува збор за Ford Mondeo со Trend ниво на опрема и дополнителен Бизнис Пакет кој вклучува: систем за навигација, R/CD, 8 инчен дисплеј чувствителен на допир, 8 звучници, SYNC III, предни и задни паркинг сензори, 16 инчни алуминиумски фелни со 10 краци и 215/60R16 гуми, електронски загревана шофершајбна, 8 звучници, Bluetooth / Voice контрола, USB, RCA Audio/Video Jacks, SD Card Slot, GPSM и останато.

Промотивната цена за 1.5 дизел мотор со 120 коњски сили изнесува 22.490 евра. Но, возилото е достапно и со 2.0 дизел со 150 коњски сили, стои во соопштението.

Тест возење може да закажете на следниот линк и сами да ги осознаете перформансите на овој автомобил: http://ford.mk/Закажете Тест_Возење/Автомобили.