Ford Otosan почна со производство на Ecotorq мотори во Турција

27

ford

Ford Otosan, заедничка инвестиција на Koç Holding и Ford, почна масовно производство на нова генерација Ecotorq мотор за камиони, прв ваков мотор што ќе биде целосно развиен и произведен во Турција.

Моторот ќе се произведува во Ескишехир во централна Анадолија и ќе се извезува во европските земји, Кина и Латинска Америка.

Претседателот на Ford Otosan, Али Коч, вели дека се среќни што имаат можност од почеток до крај да произведат ваков мотор во Турција.

“Претходните години користевме увезени технологии, а сега почнавме да ги извезуваме благодарение на нашите високи капацитети за истражување и развој. Наша највисока цел е да ја зголемиме конкурентноста на земјата во развој на технологии и да ја претвориме во центар на ова поле”, изјави Коч, пишува Хуријет.