Fortune: Ова се најголемите херои на пандемијата

36

Магазинот Fortune направи листа од 25 лица кои се херои на пандемијата што го зафати целиот свет. На листата се најдоа луѓе од различни професии и од различни делови од светот.

Прв е докторот Ли Венлианг кој на светот му го покажа опасниот вирус, лечејќи пациентка од катаракта. За жал, тој ја загуби битката со животот, но ќе остане запаметен како прв јавно зборуваше за опасноста и смртоносноста на овој вирус.

Крис Греоар е втора на листата. Таа е поранешна гувернерка на Вашингтон, а во Сиетл направи своевидна револуција, бидејќи ја спои бизнис заедницата, дури и најголемите конкурентни, со цел да се спротивстават на ширење на вирусот. Трет на листата е кинескиот бизнисмен Џек Ма, кој донираше 18 милиони маски, три милиони тестови и илјадници респиратори во околу 100 земји во светот.

Првата петорка херои ја заокружуваат американските гувернери (кои ги повикаа граѓаните да останат дома и покрај апелите на претседателот Трамп) и Ентони Фаучи, кој е директор на Националниот институт за алергии и инфективни болести, кој имаше силно влијание врз Белата куќа да го сфати сериозно предизвикот што го носи Ковид-19.

Меѓу оние лица кои се херои во борбата против пандемијата, а кои ѝ се познати на светската јавност се и: Бил Гејтс, Ријана, сите вработени во маркетите и германската канцеларка Ангела Меркел.

Како 25-ти херој, според Fortune, се најде основачот на Twitter, Џек Дорси, кој за борба против пандемијата одвои огромен дел од своето богатство.

Фото: Pixabay