Форум на тема: Земјите од Западен Балкан – регионална инвестициона дестинација

22

Во просториите на Стопанската комора на Македонија денес ќе биде одржан Форум на тема Земјите од Западен Балкан – регионална инвестициона дестинација и заеднички настап на трети пазари. Форумот е на иницијатива на Комората, а поддржан е од Одборот за надворешна трговија и Унијата на трговско-индустриските комори и стоковни берзи на Турција

Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески и министерот за економија Ваљон Сарачини ќе се обратат на отварањето на форумот.

Овој форум е прв од ваков вид,  на кој што ќе бидат изнесени гледиштата на Република Турција, ЕУ и ЕБРД во однос на идниот развој и перцепцијата за Западен Балкан, како единствена бизнис и инвестициона дестинација.

Ќе се разгледува и можноста земјите од Западен Балкан, преку Турција, да се вклучат во светските трговски и инвестициони дестинации.

Копретседателите на деловните совети на Албанско-турскиот, Босанско-турскиот, Косовско-турскиот, Македонско-турскиот, Српско-турскиот, Хрватско-турскиот и Црногорско-турскиот деловен совет, ќе зборуваат на оваа тема.

На Форумот ќе бидат презентирани и германските саеми во функција на унапредување на економијата во регионот.