ФОТО: Heathrow го претстави новиот изглед на Терминал 2

41

terminal 2

Познатиот лондонски аеродром Heathrow го претстави новиот патнички терминал, откривајќи ја таканаречената ‘катедрала на 21-от век’ која ќе постави нови стандарди во авиосообраќајот, пренесува CNN.

Терминалот 2, познат како кралски терминал, е посебен по таванот исполнет со природно светло, кој е дизајниран да води над 20 милиони патници годишно, на местото каде што сакаат да бидат.

Во централниот дел на терминалот се најде спектакуларната структура на британскиот уметник Ричард Вилсон – Slipstream. Оваа скулптура го претставува идентитетот на аеродромот.

hit

Скулптурата е замислена како трага од лет на авион, а акцентот е ставен на движењето на авионите.

Џон Оланд Кај, директор на аеродромот, за Slipstream рекол дека претставува големо уметничко дело кое што ќе го оживее гламурот и возбудата при патувањето со авионо и тоа во срцето на возбудливиот Heathrow.

heathrow-terminal2-1

Вредноста на терминалот е 4,2 милијарди долари, а во неговиот подобрен изглед сега ќе можат да се уверат патниците, бидејќи истиот беше затворен пет години, по работа од над половина век.

Отворањето е закажано за 4 јуни.