Франција заработи рекордни 4,9 милијарди евра од продажба на шампањ

385

champagne-3011490_960_720

Фото: Pixabay

Шампањското урива рекорди во продажба. Во извештајот на француското здружение на производители на шампањ Decanter објавено е дека од продажбата на шампањот во 2017 година, Франција остварила приход од 4,9 милијарди евра.

Најмногу шампањско се продало на пазарите во САД, Велика Британија и Јапонија. САД е најголем побарувач во светски рамки, каде продажбата минатата година достигнала 586 милиони евра. По неа е Велика Британија, која и понатака под влијанието на Брегзит има пад на продажбата за 11%.

Според здружението, вкупната продажба на шампањ во 2017 година изнесувала 307,3 милиони шишиња, што е за 0,4% повеќе од остварената продажба во 2016 година.

Најголем дел од растот бил надвор од ЕУ, којшто паднал за 1,3% во обем. Пазарите надвор од ЕУ се зголемиле за 9%, до 77 милиони шишиња.

Шампањското го носи името по регион во североисточна Франција.