Французите што одат на работа со велосипед ќе добиваат 25 евроценти за километар?

24

Businessman Riding a BikeФранцускиот министер за сообраќај, Фредерик Кивилије, планира со низа мерки да ги поттикне граѓаните повеќе да ги користат велосипедите. Тој објави план со предлог до компаниите доброволно да се пријават за да го тестираат системот “додаток за километража со велосипед”, според кој на оние што ќе доаѓаат со велосипед на работа, ќе им се плаќа 25 евроценти за километар. Парите ќе ги обезбеди Агенцијата за животна средина и управување со енергијата (ADEME).

Една компанија од Стразбур веќе ја прифатила иницијативата и на вработените им обезбедила бесплатни гаражни места за велосипедите, заштитни шлемови, прслуци, алат за поправка и кабини за туширање.