Фудбалот во Европа поради пандемијата губи четири милијарди евра

30

Европските фудбалски клубови очекуваат оваа и следната година да прокнижат загуби од четири милијарди евра поради пандемијата предизвикана од коронавирусот, покажуваат податоците на Европската клупска асоцијација (European Club Association – ECA).

ЕСА во својата студија проценува дека клубовите од 55 европски земји оваа сезона ќе имаат загуби од 1,6 милијарди евра, а следната сезона 2020/2021 ќе донесе загуба од 2,4 милијарди евра.

“Резултатите покажуваат дека финансиското влијание на коронавирусот на клубовите во Европа во овој момент се своевиден сеизмолошки шок. За жал, тој шок ќе продолжи и следната сезона, па ова ќе биде вистинска егзистенцијална криза на фудбалот“, вели Чарли Маршал, извршен директор на ЕСА.

Поради пандемијата се намали вредноста и на играчите и на клубовите, а играњето натпревари пред празни трибини дополнително ја намали заработката на клубовите.

Фото: Freepik