Футуристички концепт – хибриден автомобил може да напојува куќа со струја

51

Фото: Youtube

Јапонскиот производител на автомобили, Mitsubishi развива соларна платформа што опфаќа голема батерија за домаќинство, полнач и соларни панели, пишува Futurism.

Станува збор за платформата Dendo drive house, којашто функционира со помош на сончева енергија. Кога има сонце, домот и автомобилот истовремено се полнат благодарение на “двонасочен полнач“.

Доколку корисникот остане без струја од електричната мрежа, домот може да ја користи резервата од батеријата сместена во хибридниот автомобил.