GAP ќе ги затвори продавниците низ Европа

30

Поради тешкотии во работењето, американскиот бренд за облека GAP најави затворање на 120 продавници во Европа.

Присутен во Франција, но и во Италија и Велика Британија, американскиот бренд ќе ги затвори сите свои продавници во Европа, пишува париски Ле Монд.

Вкупно 120 продажни места се опфатени со овој план, којшто треба да стапи во сила во јули 2021 година, пренесува МИА.

Како причина се наведува ковид-кризата и различните рестриктивни мерки ширум светот, кои ја ставија групацијата во тешка ситуација.

За да се справи со финансиските тешкотии, брендот за облека веќе го намали бројот на продавници во Европа, особено во Франција, каде што групацијата минатата година објави затворање на осум од своите 28 продавници.

Во вториот квартал, GAP пријави загуби од 62 милиони евра.

Фото: Facebook