Јапонија – земја на гејмери од +60

48

Видео игрите во светот не се само за младите, туку и повозрасните уживаат додека им е џојстикот во рака.

Една од земјите во којашто гејмерите не се само млади лица е Јапонија. Таму се отвора еспорт центар наменет за гејмери постари од 60 години, без разлика на тоа дали се почетници или веќе имаат искуство со видео игрите.

Се верува дека видеоигрите може да им помогнат да не се чувствуваат осамено, а заедничкото дружење ќе им ги олесни пензионерските денови.

Преку организирање и учество во различни турнири сениор играчите ќе може и да заработуваат од видео игрите.

Фото: Freepik