Гејтс: Не инвестирам во биткоин, јас сум за вакцини, за нешто конкретно

62

Нова студија на Универзитетот Кембриџ покажа дека рударењето на биткоин бара повеќе електрична енергија од цела Аргентина на годишно ниво.

Како што наведува коосновачот на Microsoft, Бил Гејтс: “Криптовалутата користи повеќе електрична енергија по трансакција од кој било друг метод познат на човештвото“.

Истражувачите од Кембриџ велат дека троши околу 121,36 терават-часови (TWh) за 12 месеци, а според Гејтс, “биткоинот е лош за планетата“.

Гејтс претходно изјави дека може да играте со биткоинот само ако сте богати како Илон Маск, а сега повторно укажува на алармантни податоци поврзани за климатските промени.

Коосновачот на Microsoft сугерира дека биткоинот е еден од факторите кои негативно влијаат на овие промени.

“Не сакам да инвестирам во биткоин. Купувам вакцини против маларија. Инвестирам во компании што произведуваат производи”, рече Гејтс.

Фото: Pixabay