Германците не можат да се заситат од италијанските тестенини

40

Италија за 20% го зголеми извозот на тестенини во Германија минатата година.

“Германија е нашиот најголем пазар за извоз на тестенини“, вели Луиџи Скордамаџи од италијанскиот сојуз на производители на храна.

И додека поради пандемијата, бројни сектори имаа големи загуби, прехранбената индустрија добро помина. Освен за тестенини, во Германија имаше поголема побарувачка и за маслиново масло, сирење и ориз.

Тестенините се храна што се подготвува брзо и лесно, а пандемијата само ја зголеми нивната потрошувачка во Германија.

Фото: Freepik