Германците очекуваат за помалку од една година “да застанат на свои нозе“

15

Компаниите во Германија очекуваат нивната работа, по хаосот што го предизвика пандемијата, во просек да се нормализираат за околу 11 месеци, покажа истражувањето на Германскиот институт за економски истражувања (Institute for economic research – IFO).

Компаниите во услужниот сектор очекуваат нивното закрепнување од коронавурусот да трае 11,7 месеци, во градежниот сектор 11,1 месеци, во секторот малопродажба 10,3 месеци, а во индустријата 10,1 месец.

Пандемијата тешко ги погоди туристичките агенции и хотелите коишто очекуваат состојбата во нивниот сектор да се стабилизира за 14 до 16 месеци, а најдолго ќе закрепнува (18 месеци) секторот за уметност и забава. Наспроти тоа, секторот за безбедносни услуги би требало да закрепне до крајот на годината.

Фото: Freepik