Германија го пушти во употреба првиот електричен автопат за автомобили

29

Во Германија за прв пат беше тестиран систем што им овозможува на камионите да “црпат“ електрична енергија од надземни кабли. Патот што се протега на должина од 10 километри се наоѓа во Франкфурт и е прв од ваков тип во земјата.

Системот, којшто е дело на компанијата Siemens, овозможува монтирање на специјална опрема на покривите од камионите којашто се поврзува со електрифицирани линии додека возилата патуваат со брзина од 90 километри на час.
Камионите се движат на електрични мотори кога се поврзани со електричниот систем, а користат хибридни системи кога се враќаат на обичните патеки. Сензори детектираат кога надземните жици се слободни за поврзување.
Овој начин на транспорт придонесува за намалување на штетните CO2 емисии и присуството на азотни оксиди, пишува CNN.
Според Siemens системот може да биде интегриран во постоечката патна инфраструктура, а сопствениците на камиони можат да заштедат до 20.000 евра на гориво.
Германските власти потрошија 70 милиони евра за развој на камиони што можат да се движат на овој начин.
Фото: Pixabay