Германија најавува дека ќе продолжи да ангажира работници од Западен Балкан

23

Германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зехофер изјави дека германската имиграциска политика кон Западен Балкан се покажала функционална во претходните пет години и најави дека германската Влада денеска ќе го разгледува продолжувањето на овој аранжман, којшто истекува кон крајот на годинава.

“Постоечките правила за Западен Балкан го издржаа тестот на времето. Во ноември 2015 година договорено е предусловот за влез во Германија да биде постоечкиот договор за труд. Федералните агенции за вработување оценуваат дека овој систем добро функционира, а злоупотребата е многу мала“, истакна Зехофер.

Тој додаде дека за Западен Балкан е договорена квота од 25.000 работници, којашто ќе биде ревидирана на годишно ниво.

Фото: Pixabay