Германија “најчоколадна“ земја во ЕУ

36

Вкупно 2,2 милиони тони чоколадо се извезени од земјите членки на Европската унија во 2019 година, а 66% од тој извоз е реализиран во некоја од земјите членки на Унијата, покажуваат податоците на Eurostat.

Најголем извозник на чоколадо меѓу земјите од ЕУ е Германија со 640.000 тони или 30% од вкупниот извоз. Потоа следуваат: Белгија (300.000 тони или 14%), Холандија (290.000 тони или 13%), Полска (230.000 тони или 10%) и Италија (180.000 тони или 8%)

Во текот на минатата година, во Унијата се увезени 220.000 тони чоколадо од земји надвор од ЕУ, од кои 100.000 тони отпаѓаат на Велика Британија и 70.000 тони на Швајцарија.

Податоците на Eurostat се објавени по повод седми јули, Светскиот ден на чоколадото.

Фото: Freepik