Германија најголем, Малта најмал увозник во ЕУ

30

Увозот на 28-те земји членки на Европската унија во 2019 година достигна вредност од 6,2 трилиони (илјади милијарди) долари, што е намалување од 3,8% во однос на 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Увозот на земјите членки на ЕУ се проценува на 32,6% од вкупниот увоз што лани достигна вредност над 19 трилиони долари.

Најголем меѓу увозниците од ЕУ е Германија, што зафаќа скоро 20% од вкупниот увоз на сите земји членки, па минатата година се позиционираше на 1,2 трилиони долари. Меѓу петте најголеми увозници од земјите членки на ЕУ лани беа и: Велика Британија (692,5 милијарди долари), Холандија (646,7 милијарди долари), Франција (637,9 милијарди долари) и Италија (473,5 милијарди долари).

Од вкупно 28 земји членки, колку што броеше Унијата во 2019 година, на дното по увоз се најдоа: Малта (8,2 милијарди долари), Кипар (9,2 милијарди долари), Латвија (17,7 милијарди долари), Естонија (18,6 милијарди долари) и Луксембург (24,3 милијарди долари).

Од земјите во регионот, што се дел до ЕУ, увозот оди вака: Грција (62 милијарди долари), Словенија (44,7 милијарди долари), Бугарија (37,8 милијарди долари) и Хрватска (28 милијарди долари).

Фото: Freepik