Германија: Новиот карантин ќе ја чини економијата 19,3 милијарди евра

32

Новите мерки за карантин, што стапуваат на сила во Германија ќе ја чинат економијата на државата околу 19,3 милијарди евра, објави весникот Welt am Sonntag, повикувајќи се на пресметки на берлинскиот Институт за економски истражувања (DIW).

Според предвидувањата на DIW, угостителите може да загубат најмногу во текот на едномесечното затворање околу 5,8 милијарди евра. Индустријата за забава, спортските и културните институции ќе изгубат 2,1 милијарди евра, трговијата 1,3, а индустријата 5,2 милијарди евра.

Се очекуваат загуби и во услужниот и во логистичкиот сектор.

DIW е убеден, сепак, дека германската економија ќе почне да закрепнува следната година, но само под услов да има ефикасна контрола на ширењето на новиот коронавирус.

Германската Влада е подготвена да врати значителен дел од очекуваниот промет за ноември. За помалите компании, со најмногу 50 вработени, државата ќе обештети 50%, а за поголемите 70% од прометот.

Фото: Pixabay