Германија сака уште работници од Балканот

236

На Германија и е потребна работна сила и владата го забрзува процесот на доселување на странски стручњаци. Во Бон е отвoрена нова служба, којашто ќе го координира признавањето на стручни квалификации стекнати во странство.
Германската економија е зависна од доселување, па сојузната влада затоа започна програма за привлекување на странски стручњаци под мотото”Make it in Germany”, што е национален приоритет.

“Без странски стручњаци нема да можеме да ја одржиме нашата благосостојба. Не можеме да чекаме на тие луѓе, ние мораме да се потрудиме околу нив“, изјави сојузниот министер за труд Хубертус Хеил.

Недостаток на работници голем деловен ризик

Германската канцеларија за статистика тврди дека вбројот на работоспособни граѓани во Германија ќе се намали до 2035 година за четири до чест милиони. Во многу бранчи има недостаток на работна сила.

Според наводите на Германската индустриска и трговска комора (DIHK), дури 56% од испитаните компании недостатокот на работната сила моментално го смета за најголем деловен ризик.

Секоја трета германска фирма изминативе години вработила работници од други членки на Европската унија, односно трети земји. Многу компании поради недостаток на работници не можат да преземат нови нарачки и трпат голема финансиска штета.

Владата ги сфати барањата на претприемачите и веќе подолго време засилено работи на привлекување на стручњаци од странство.

По долготрајна дебата, усвоен е закон за доселување на стручна работна сила, со што владата призна дека Германија е доселувачка земја, и тоа шест децении по првиот голем бран на гастербајтери.

Примарна цел на новиот закон е олеснување на странските работници пристап до германскиот пазар на труд, и тоа во сите бранши.

Странските дипломи ги следат 1.400 служби

“Начелно сеедно е од каде некој доаѓа, најважно е да докаже дека сака да се интегрира во некоја земја, дека сака да соработува и да биде дел од општеството. И тогаш не е прашањето о каде е некој, туку како сака да се интегрира“, вели сојузната министерка за образование Ања Карличек, за Deutsche Welle.

Таа на почетокот на неделава во Бон, заедно со Хеил отвори нова Централна канцеларија за признавање на стручни квалификации (ZSBA).

Според пишувањата на германските медиуми, во Германија постојат околу 1.400 различни служби кои се занимаваат со признавање на странски дипломи.
Процесот на признавање до сега беше многу комплициран и траеше предолго. Германија во глобална борба за најдобри стручњаци тоа веќе не може да си го дозволи и мора да го корегира, велат од владата.

Она што од една страна и помага на Германија (нови правила за доселување), на друга страна отвора големи проблеми на југоистокот од Европа, бидејќи земјите не ги напуштаат само најдобрите квалификувани кадри, со универзитетски дипломи туку и машиновозачи, негуватели, автомеханичари и работници од други бранши.

Во Германија од први март стапува на сила нов закон за доселување на стручна работна сила. Со него би требало да се олесни доаѓањето во Германија и барањето на работа за сите квалификувани работници од земји кои не се членки на ЕУ.
Во иднина нема да важи веќе правилото по кое во предност за некое работно место беа граѓаните на ЕУ.

Фото:Pixabay