Германските банки се соочуваат со недостиг на простор за чување готовина во преполните сефови, пишува Bloomberg.
Негативните каматни стапки се една од главните причини поради коишто луѓето одлучуваат наместо како депозит, да ги чуваат во готовина во сеф.
Во декември, според податоците, готовината што банките ја чуваат во сефовите достигна 43,4 милијарди евра. Тоа е скоро двојно повеќе одошто во мај 2014-та година, откако Европската централна банка даде зелено светло за негативните каматни стапки.
Добро е познато дека една од основните задачи на банките е прибирање на депозити од граѓаните и компаниите, но поради наметнатите давачки, банките мораа дел од трошоците да префрлат и врз “грбот“ на клиентите кои чуваат депозити на нивните сметки.
Фото: Pixabay