Германија: Жените ги губат позициите во директорските одбори во финансискиот сектор

90

Според студијата објавена минатата недела во Германија, застапеноста на жените во одборите на директори во германскиот финансиски сектор заостанува во однос на другите индустрии во 2019 година, пренесува Ројтерс.

Жените имаат удел во извршните одбори во банките 22,8% и во осигурителните компании 22,2%, што е тренд на намалување од 23,2% и 22,5% од истражувањето пред една година, според студијата на германскиот институт за економски анализи.

Падот во финансискиот сектор отскокнува за разлика од другите индустрии, каде жените учествуваат со 28,2% од вкупниот број, што претставува подобрување од претходната година од 26,9%.

“Зачудувачки е што финансискиот сектор заостанува“, изјави Катарина Врохлих, една од авторите на извештајот.

Од институтот информираат дека причина за ова несовпаѓање е тоа што мажите во финансискиот сектор, повеќе отколку во другите гранки, биле несразмерно наградени за работа во екстремно долги и нефлексибилни часови, нешто што најчесто го користеле.

Општо, во различни индустрии, Германија има подобри резултати од просекот на ЕУ, но заостанува многу зад земјите како Франција и Шведска.

Некои германски компании имаат поставено цели за подобрување на женското учество. На пример, интернет компанијата за продажба на мало, Заландо, во октомври објави дека до 2023 година, жените треба да учествуваат и да зафаќаат најмалку 40% од извршните работни места, вклучувајќи ги позициите во надзорниот одбор.

Фото: Pexels