Daimler ја купи апликацијата myTaxi

19

mytaxi

Германскиот производител на автомобили Daimler објави дека ја купува апликацијата myTaxi. Оваа одлука покажува дека производителот на Мерцедес има за цел да направи прилагодување меѓу приватните автомобили и пофлексибилните опции за транспорт, јавува Дојче Веле.

Оваа апликација им овозможува на корисниците на такси услуги да контактираат директно со таксистите. За разлика од апликацијата Uber, која доби судска забрана за работа во Германија, апликацијата myTaxi е концепт што соработува со веќе постоечките такси здруженија и нивните диспечерски центри.

Германскиот автомобилски гигант, и покрај европската криза, се уште покажува позитивни економски резултати, но сепак се обидува да ги следи трендовите како и останатите од оваа индустрија.