Германски fintech стартапи собраа рекордна сума пари

82

Финансиски и технолошки старт – ап компании собраа околу 1,7 милијарди евра во 2019 година, според познатиот консалтинг Barkow Consulting. Ова е зголемување за 44% во однос на претходната година. Самостојните стартапи за осигурување собраа околу 442 милиони евра, трипати повеќе од претходната година.

Во 2019 година, десетици милиони евра се инвестирани во дигиталната компанија за осигурување Friday, чија политика на цени зависи од бројот на преминати километри, како и во осигурителниот старт – ап Wefox, којшто нуди осигурување на домаќинства и отштета преку апликација за неколку минути.

Германските банки како никогаш досега инвестираат во fintech стартапи, покажуваат податоците на консултантската компанија PricewaterhouseCoopers. Во периодот од јануари до јули минатата година, се евидентирани 36 директни удели на банките во овој финансиско – технолошки стартапи, што е скоро исто колку вкупниот број на инвестиции во 2018-та година.

Во 2018-та година, германските финансиски стартапи за прв пат успеаја да соберат над една милијарда евра (1,7 милијарди) ризичен капитал.