Германско решение може да ја намали потрошувачката на гориво за 30%

18

Фото: Pixabay

Германскиот старт – ап Micro Wave Ignition AG развива решение што би можело да им помогне на возилата на фосилни горива да ги задоволат неопходните еколошки стандарди.

Се претпоставува дека оваа технологија на поновите модели на бензин и дизел мотори може да ја намали потрошувачката на гориво за 30%, а емисијата на штетни гасови за 80%.

Она што ќе ја намали потрошувачката се микробрановите што наместо свеќи и грејачи служат за палење на горивото. Намалувањето на потрошувачката и емисија на штетни гасови се поттикнува со значително пониска температура на согорување.

Еден од партнерите на овој старт – ап е поранешниот прв човек на Porsche, Венделин Видекинг.