Гласот на Бочели обедини над 24,8 милиони луѓе ширум светот

36

Италијанскиот оперски пејач Андреа Бочели со својот глас обедини над 24,8 милиони луѓе ширум светот.

На покана на властите во Милано и Дуомо катедралата во овој град, музичката ѕвезда имаше соло изведба со којашто испрати силна порака за љубов, поддршка и надеж за Италија и целиот свет, што во овој момент води битка со пандемија од огромни размери.

Инаку, Бочели заедно со фондацијата што го носи неговото име, во овој момент се дел од голема кампања за поддршка во борбата против коронавирусот. Оваа фондација собира средства за да им се помогне на болниците да ја добијат потребната опрема за да го заштитат својот персонал.

Фото: Facebook