Глобалните приходи од туризам оваа година над шест милијарди долари

Вкупните приходи на светскиот туризам во текот на минатата година достигнаа 5,8 милијарди долари, што претставува 6,7% од глобалниот бруто домашен производ. Проценките за оваа година се дека вкупните приходи ќе се зголемат за 3,6%, односно ќе надминат шест милијарди долари.

Податоците доаѓаат од извештајот за трендови во светскиот туризам – World tourism economy trends 2020, којшто го изработија Сојузот на туристички градови во светот, Центарот за истражување на туризам и Кинеската академија за општествени науки.

Вкупниот број на туристи кои патувале во својата земја или во странство беше 12,3 милијарди, што е раст од скоро 5% во однос на 2018 година.

Според податоците, за оваа година се очекува САД да остварат највисоки приходи по основ на туризам, а меѓу 20-те земји со највисоки приходи се и: Кина, Германија, Велика Британија, Јапонија, Франција, Мексико, Австралија, Шпанија, Бразил, Канада, Тајланд, Јужна Кореја, Турција, Филипини, Австрија и Швајцарија.

Фото: Pexels