Глумеше богата и ја измами елитата во Њујорк-Netflix ја откупи нејзината животна приказна

444

Ана Сорокин, измамничка позната како “лажна наследничка“, се обидува да го искористи максимумот од својот случај откако излезе од затвор.

На прашањето дали такво злосторство се исплати, Ана Сорокин за BBC изјави: “На некој начин, да“.

Netflix плати 320.000 долари за нејзината приказна, а понудени ѝ се некои други работни места.

Инаку, Ана Сорокин беше осудена на затвор откако измами банки, хотелиери и пријатели за стотици илјади долари. Приказната за нејзините измами, која ја изведе под името Ана Делви, стана вирална по објавувањето во магазинот Њујорк во 2018 година, а тоа го разбуди и интересот на ТВ продуцентите.

“Никогаш не ги прашав во Netflix дали сакаат да ја купат мојата приказна, тоа едноставно се случи. Како и сè друго, едноставно излезе од контрола, јас не спроведував ништо“, вели Сорокин, којa во февруари е пуштена на условна слобода по три години поминати во затвор.

Сепак, таа не успеа да ги задржи сите пари што ги доби од Netflix заради законот во Њујорк што спречува криминалците да профитираат од своите злодела.

Сорокин го прослави својот 30-ти роденден во затвор. Своите измами ги извршила велејќи им на луѓето во Њујорк дека има фонд од 60 милиони долари и амбициозен проект за создавање уметничка фондација. Но, таа всушност беше практикант во едно списание и по потекло од семејство на руски имигранти кои живееја во Германија.

Таа престојуваше во скапи хотели и објавуваше на Instagram за нејзиниот џетсетерски живот. Така таа успеа да ги натера другите да веруваат во нејзината фантазија. Користејќи лажни документи, таа дури ја убедила банката да ѝ даде пречекорување од 100.000 долари, пред полицијата да успее да ѝ влезе во трага.

Фото: Facebook