Го викаат “Осамениот волк“, а неговиот успех го должи на две неповрзани области

157

Жонг Шаншан (66) е милијардер од Азија, кој ретко се цитира во печатот.

По неверојатната кариера во новинарството, одгледувањето печурки и здравствената заштита, тој стана најбогатата личност во Азија, оставајќи ги во сенка Индиецот Мукеш Амбани и група титани на кинеска технологија, вклучувајќи го и сопственикот на Alibaba, Џек Ма.

Нето вредноста на Жонг Шаншан инесува 91,9 милијарди долари и е шестиот најбогат човек во светот според индексот на Bloomberg.

Тоа е една од најбрзите акумулации на богатство во историјата, особено имајќи го предвид фактот дека до оваа година беше малку познат надвор од Кина.

Жонг не се занимава со политика и неговите деловни интереси не се испреплетени со други богати семејства, па затоа е локално познат како “Осамениот волк“, пишува Bloomberg.

Својот успех го должи на две неповрзани области. Во април, тој го презеде производителот на вакцини Beijing Wantai Biological, a сопственик e и на Nongfu Spring – фабрика на флаширана вода.

Акциите на Nongfu Spring скокнаа за 155% од своето деби, а на Wantai порасна за над 2.000%.

Фото: Freepik