Goldman Sachs: Клиентите сè повеќе бараат биткоин

30

Goldman Sachs истражува како може да ја задоволи зголемената побарувачка на клиентите за сопственост и инвестиции во биткоин, а и понатаму да остане на “исправната“ страна на регулаторните услови, рече претседателот на банката и главен оперативен директор, Џон Валдрон.

“Побарувачката на клиентите расте“, рече Валдрон.

Банката неодамна повторно ја отвори својата канцеларија за трговија со криптовалути.

Goldman Sachs исто така ја истражува можноста за покренување на трговски фонд за биткоин и издаде барање за информации за истражување на чувањето на дигиталните средства.

Фото: Pixabay