Goldman Sachs повторно ќе тргува со криптоваути

36

Goldman Sachs наскоро повторно ќе воспостави систем за тргување со крипто валути.

Компанијата лансираше ваков систем уште во 2018 година, но отворањето се случи во време кога вредноста на биткоинот падна за 70%, што го намали интересот за тргување, пренесува порталот Startit.

Сепак, од тогаш, инфраструктурата и популарноста на криптовалутите, како што е биткоинот, исто така се подобрија, а неодамна достигна рекордна вредност. Се проценува дека институционалниот интерес за криптовалутите минатата година исто така се зголемил за 470%.

Бројни компании, како Square, Теsla или MicroStrategy, неодамна започнаа да купуваат криптовалути во износи измерени во стотици милиони или милијарди, што укажува на потенцијал за долгорочно тргување со криптовалути.

Новиот систем ќе биде дел од Одделението за глобален пазар на оваа банка, кој беше најголемиот и најпрофитабилниот оддел минатата година, и најверојатно ќе се занимава со купување и продажба во име на клиенти, но нема да управува самостојно со тие средства.

Фото: Pixabay