Голем скок на цените на нафтата

23

На светските пазари, цената на нафтата има голем скок, четврта недела по ред, бидејќи трговците се надеваат дека наскоро, благодарение на вакцината против Ковид-19, економската активности ќе се нормализираат, а побарувачката за “црното злато“ ќе порасне.

Цената на барел на лондонскиот пазар минатата недела порасна за 7,2%, на 48,18 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапел за 8%, на 45,53 долари.

Растот на цената на нафтата четврта недела по ред, благодарение на вестите за уште една вакцина против коронавирусот. По Pfizer и Moderna, потенцијална вакцина развива и британска AstraZeneca.

“Успешната дистрибуција на вакцини би требало да ја прекине силната врска меѓу ширење на заразата и мобилноста, но глобалната побарувачка за нафта и во тој случај се очекува да го достигне претпандемиското ниво на средината на 2022 година“, пишуваат аналитичарите на JPMorgan.

Фото: Freepik