Goodyear ја купува конкурентската компанија Cooper Tire за 2,8 милијарди долари

76

Американскиот производител на гуми Goodyear Tire денеска објави дека ќе ја купи конкурентската компанија Cooper Tire за 2,8 милијарди долари, а со тоа двојно ќе го зголеми присуство во Северна Америка и Кина.

Според условите на договорот за откуп, акционерите на Cooper ќе добијат 41,75 долари по акција во готовина.

Глобалната индустрија на гуми беше тешко погодена во 2020 година, бидејќи пандемијата Ковид-19 доведе до нагло опаѓање на побарувачката за гуми.

Фото: Pixabay