Goodyear во Малезија обвинет за кршење на работничките права

14

Американскиот производител на гуми, Goodyear е соочен со обвинение за неисплатени плати, незаконска прекувремена работа и закани на странски работници, во својата фабрика во Малезија, покажуваат судски документи.

Во интервју за Ројтерс, актуелни и поранешни странски работници и претставници на малезиското Министерство за труд наведуваат дека Goodyear незаконски одбивал да исплаќа плати, барал прекувремено работно време и одбил на работниците да има даде целосен пристап до нивните пасоши.

Одделот потврдил дека Goodyear минатата година е казнет поради искористување на прекувремена работа и помали плати на странски работници. Еден поранешен вработен рекол дека компанијата незаконски му го задржала пасошот, покажувајќи на Ројтерс писмо што го потпишал во јануари 2020 година кога му е вратен пасошот по осум години откако почнал да работи во Goodyear.

Такви слични информации се појавиле кога 185 странски работници поднеле три пријави против Goodyear во Малезија на индустрискиот суд во земјата, две во 2019-та и една во 2020-та година, поради непочитување на колективниот договор и договорот за работа. Работниците тврделе дека компанијата не им давала додатоци, за смени, годишни бонуси, ниту им ги зголемувала платите иако тие бенефиции им биле достапни на локалните вработени што го застапуваат синдикатот.

Судот минатата година во два случаја пресудил во корист на странските работници и соопшти дека тие имаат еднакви права како и малезиските работници.

Фото: Pexels