Google казнет со 220 милиони евра во Франција

21

Американскиот технолошки гигант Google во Франција треба да плати 220 милиони евра казна поради злоупотреба на пазарната позиција во онлајн рекламирањето.

Француската агенција за заштита на конкуренција соопшти дека Google нечесно ги насочувал компаниите на своите услуги и ја дискриминирал конкуренцијата. Google се согласи да ја плати казната и да престане со праксата да им дава предност за своите услуги, се наведува во соопштението што го пренесува CNBC.

Истрагата открила процеси со коишто Google се фаворизирал себе во однос на конкуренцијата и на рекламните сервиси и на платформите за странски понуди, а коишто се дел од софтвер што се користи за управување, продажба и оптимизација на рекламниот простор на веб локациите и на мобилните апликации.

По тој повод, Google порача дека ќе изврши повеќе промени во својата технологија на рекламирање во текот на следните месеци. Компанијата, исто така, најави дека планира тие “промени да ги воведе на поголем број пазари, при што некои измени ќе бидат на глобално ниво“.

Истрагата следела откако американската News Corporation, францускиот весник Figaro и белгиската новинска групација Roshelle поднеле жалба против Google.

Регулатори ширум Европа вршат зголемена контрoла врз американските технолошки гигант поради загриженост дека имаат премногу големо влијание на 700 и повеќе милиони граѓани од Стариот континент.

Фото: Pexels