Google ќе го намалува рангот на бавните веб – страници

24

bar-local-cong-ireland-38286

Фото: Pexels

Од јули оваа година, Google ќе ги рангира подолу во листата на пребарување веб страниците кои многу бавно се отвораат на мобилните телефони, пишува mobilemarketingengine.com. Промената, наречена Надградба на брзината, ќе го смести времето на отворање на страницата како еден од најважните приоритети.

Од Google велат дека ажурирањето ќе влијае само на страници коишто испорачуваат најбавно корисничко искуство. Бавните страници ќе бидат рангирани високо единствено кога ќе имаат најрелевантни содржини поврзани со пребарување на корисникот.

Во февруари 2016 година, веб сајтовите интензивно почнаа да ја користат технологијата којашто ја забрзува веб страницата кај мобилните уреди. Како награда, овие сајтови беа сместени на повисоки позиции во Google News.