Google ќе им плаќа по 1.000 долари на хакери ако најдат грешка во Android апликации

20

programming-593312_960_720

Фото: Pixabay

Google стартува нова програма за хакери на кои ќе им исплати по 1.000 долари ако пронајдат грешка во Android апликациите во Play store, пишува Engadget. Tие мора да ги достават своите откритија директно до програмерите и да работат со нив пред да можат да го достават извештајот преку HackerOne платформата за да ја подигнат наградата.

Од компанијата ветуваат 1.000 долари за секој решен проблем што ги задоволува критериумите. Тоа значи дека нема да може да се избере било која апликација. Наградата ќе биде доделена само на оние што ќе пронајдат грешка во Dropbox, Duolingo, Line, Snapchat, Tinder, Alibaba, Mail.ru и Headspace.