Google Maps на корисниците ќе им покажува кои улици се осветлени

26

Google Maps е една од најпопуларните апликации за навигација, а милиони корисници секојдневно ја користат за да дојдат до посакуваната цел.

Google во овој момент развива нова функција под името Lighting, којашто има за цел на корисникот да му покаже да се осветлени улиците по коишто се движи, наведуваат XDA Developers.

Тие дошле до редок код во бета верзија на Google Maps, којшто укажува на оваа безбедносна промена. Според тоа, осветлените улици на мапите за навигација ќе бидат обележани со жолта боја.

Фото: Pixabay