Google објави решение за бавниот Wi – Fi

18

wi-fi

Фото: Pixabay

Откако во изминатите неколку седмици корисниците се пожалиле на проблеми при користење на интернет пребарувачот Chrome cast на оперативниот систем Android, Google објасни дека застојот бил поради праќање голем број податоци за кратко време што ги оптовари безжичните рутери за Wi – Fi. На тој начин се намалува брзината на пренесување податоци, а во одредени ситуации доаѓало и до целосен прекин на преносот, објави Engadget.

Затоа, од компанијата упатуваат апел до сите оние корисници кои периодов имале проблем со бавен Wi – Fi  да ја надградат услугата Google Play.

Доколку корисниците автоматски не добиле вакво известување, услугата може да се надгради на овој линк.

Помеѓу производителите чии што уреди се соочија со ваков проблем беа: TP – Link, ASUS, Linksys, Netgear и Synology.