Google пред најголема тужба во САД

51

Google се соочува со најголемата тужба во САД во последните две децении. Министерството за правда, заедно со 11 држави во САД, поднесоа тужба за наводно кршење на законот за пазарна конкуренција и злоупотреба на положбата со цел да се избрка конкуренцијата. Тоа е исто така најголема судска постапка во последните 20 години, а експертите ја споредуваат со некои од легендарните тужби како онаа против Microsoft од 1998 година.

Google веќе има неколку слични тужби. Најпознати се казните што му ги изрече Европската унија за нефер деловни практики. Гигантот минатата година мораше да плати 1,7 милијарди долари затоа што спречи веб-страниците да наоѓаат рекламни страни преку конкурентите на Google, 2,6 милијарди долари во 2017 година затоа што  фаворизираше канали за продажба на пребарување и 4,9 милијарди долари во 2018 година, затоа што ги блокираше конкурентите во оперативниот систем Android.

Mатична компанија, Alphabet, во моментов има пазарна вредност од над трилион американски долари, а самиот Google лани имаше приход од 162 милијарди долари.

Фото: Pixabay