Фото: Google
Технолошкиот гигант Google тестира нова опција за онлајн купување. Станува збор за спонзорирани реклами коишто се појавуваат во пребарување на фотографии, односно Google Images.
На пример, ако корисникот разгледува фотографија од работно биро, ќе може истовремено да ја дознае цената на производот, од кој бренд е и слично.
Опцијата моментално се тестира на мал процент корисници, оние кои пребаруваат пошироки поими како домашни канцеларии, дизајн на плочки за купатило и апстрактна уметност.