“Горчливо“ лето за овој сектор

39

Затворени барови, откажани концерт и различни настани… Сето ова може да остави силно влијание врз пивската индустрија во светот, пренесува The Local.

“Кога е времето убаво, продажбата на пиво е поголема“, вели Максим Костилес, претседател на француско здружение на пиварници.

Не само помалите, туку и големите европски пиварници ги чувствуваат последиците од пандемијата, поради затворените локали, но и поради откажаните летни фестивали, концерт и други настани. Па така, холандски Heineken веќе има 2% пад на продажбата во првиот квартал од оваа година.

Властите во Германија ја разгледуваат и можноста да се одложи најголемиот фестивал на пиво во светот – Октоберфест.

Некои од пиварниците го намалуваат производството на пиво, па дел од алкохолот со којшто располагаат го отстапуваат на аптеки и болници за да се произведе средство за дезинфекција на раце.

Фото: Pixabay