Gorenje или Gu Luo Ni на кинески

46

Gorenje го претставува брендот и неговите предности на кинескиот пазар. Исто така, ја прилагодува марката за производи од премиум сегментот, дизајнирани под името Gu Luo Ni, пишува Seebiz.

Hisense Gorenje го прилагоди името на брендот на изговорот и разбирањето на кинеските потрошувачи, што е вообичаено во Кина за странските брендови.

“Со желба да го претставиме брендот на кинеските потрошувачи на нивниот јазик, воведовме фонетска интерпретација на името Gorenje“, велат од компанијата.

Позиционирањето на Gorenje на кинескиот пазар ќе биде проследено со бројни активности за може да им се приближи брендот на што е можно повеќе семејства во Кина.

Фото: Facebook